Патријархот Порфириј ѝ врачи томос на Македонската православна црква: „МПЦ сега треба да најде соодветно име“-порача тој

    Патријархот на Српската православна црква Порфириј денеска во Соборниот храм на архиепископот македонско-охридски Стефан, му врачи томос за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

    Пред да го предаде томосот, Порфириј рече дека се создадени услови Охридската архиепископија да биде самостојна црква.

    „Денес по милоста Божја имаме можност да го крунисаме она што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството. Ова единство беше нарушено во еден период, но беше запоставено во духот на Црквата, а тоа е дека Македонската црква, Охридската архиепископија има, не само услови, туку и потреба да се организира во контекст на автокефалната црква, да испадне да биде најдобриот можен начин на живот на нашите православни браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа, она што веќе го реализиравме преку денешното служење на литургијата во Скопје, чувствуваме дека ќе го соопштиме јавно и пред сите со документ, наречен томос“, рече Порфириј.

    Патријархот истакна и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква. Тој препорача МПЦ сега да најде соодветно име.

    Според Порфириј, црквата не може да биде и дека не е оружје за постигнување други цели. Тој нагласи и дека оваа одлука нема да влијае на другите канонски области на СПЦ, бидејќи, како што рече, условите во Северна Македонија се различни отколку во другите делови на СПЦ.

    Соборот на СПЦ едногласно одлучи да ѝдаде автокефалност на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Во беседа пред верниците по литургијата во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, таа одлука ја потврди и српскиот патријарх Порфириј на 24 мај.

    Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.