Патронажните екипи откриле нови заболени од дијабетес и хипертензија

Во рамките на проектот „Домашна визита“ кој започна да се спроведува од 18 ноември 2013 година, до сега биле посетени 16 илјади постари лица кои се изнемоштени и хронично болни. Дневно биле посетувани 400 лица над 60 години кои имале хронични срцеви болести, болести на белите дробови како и лица со дијабет. Како резултат на позитивните искуства, акцијата ќе се прошири до крајот на годината и ќе бидат посетени 70 илјади хронично болни, од страна на 400 патронажни екипи.

„ Нови 10 илјади граѓани кои се хронично болни и имаат тешки дегенративни заболувања како искрививање на р’бетот и коските ќе бидат посетени следниот период. Вкупно до крајот на годината ќе бидат посетени 70 илјади хронично болни стари лица. За оваа акција се предвидени 3,5 милиони денари во буџетот,“ изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Според податоците кои ги презентираше, а се од терен на патронажните екипи во Куманово, Делчево, Охрид, Виница, Кичево речиси во сите реони откриени се нови случаи со дијабет, со зголемен крвен притисок, влошена состојба кај оние со астма и холестерол.

Лекарите ги советувале пациентите за промена на начинот на живот, исхраната, поголема физичка активности. Оние кај кои биле откриен дијабет или висок крвен притисок, а не знаеле за тоа биле препратени да се јават кај својот матичен лекар.

„Кај лицата кај кои за првпат се детектрани дијабет, зголемен крвен притисок, холестерол добро е што рано се откриени и се овозможува брзо препишување на терапија. Недетектирањето на болестите влијае врз здравствените тешкотии на пациентот, но и врз трошоците во системот.Превенцијата е значајна за подобрување на здравствената состојба во општеството,“ потенцираше Тодоров.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.