9.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Паунов: Мостот кај Долни Балван е попуштен, општината сама се справува со последиците од поплавите

Поради зголемениот водотек на реката Брегалница кај село Долни Балван се случи попуштање на мостот, односно еден од столбовите е видно попуштен. Она кое што можеме да го констатираме на лице место е дека истиот ден преземавме активности за отстранување на паднатите дрвја кои што ги донела реката со сопствени ресурси, и навистина со маки како општина Карбинци и ЈП Плачковица сами ги отстранивме, истакна Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци.

-Она што интервениравме и се обидовме да ги известиме ЦУК и Противпожарната подрачна единица, но од таа страна немавме никаква интервенција и помош. Она што на крај резултираше е што се успешно се заврши отстранувањето и навистина со помош на сопствената механизација и сопствените ресурси на ЈКП Плачковица.

Во однос на мостот веќе го правиме оној увид и за краток период ќе го добиеме извештајот од што е навистина предизвикана штетата, дали е само од овие наноси или е од некоја друга природа и во следна фаза ќе преземеме иницијатива за итно проектирање за санација на мостот и обезбедување на средства за реализација на истиот.