Паунов потпиша решенија за доделување еднократна парична помош за новозапишани првоодделенци

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов денеска ги потпиша решенијата за доделување на еднократна парична помош од 3000 денари на новозапишани првоодделенчиња во ОУ ,,Страшо Пинџур”.

„Во периодот којшто следи ќе бидат исплатени и оние кои поднесоа за новороденчиња, средношколци и студенти. Општина Карбинци“ создава нова иднина, пишува Паунов во својата фејсбук објава.