Пауновски најави затворање до 30 дена на рестораните во кои ќе има свадби, по законските измени

66

Кафеаните и рестораните во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави. Откако пак Собранието ќе ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе може да бидат затворени на 30 дена и да им се изрече парична казна на самото место со платен налог, појасни Стојко Пауновски, дректорот на Пазарниот инспекторат.

Тој додаде дека одговорноста и свеста кај граѓаните сепак игра најголема улога во заштитата бидејќи, нема што да се преземе друго ако не делуваат казните.

Инспекцискиот совет за една недела спровел 2.183 контроли, при што биле поднесени 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност или прекршување на работното време, а седум биле за непочитување на здравствеите пртоколи, односно за две се за свадби во Скопје и Тетово и пет за локали кои не почитувале растојание и број на маси и друго.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.