Паузирано испитувањето на вакцината на AstraZeneca против Covid-19

416

Фармацевтскиот гигант „AstraZeneca“ привремено го запре испитувањето на вакцината против новиот корорнавирус по „необјаснивата болест на еден од учесниците“, соопшти портпаролот на компанијата.

Компанијата ја развива вакцината во соработка со британскиот универзитет Оксфорд и минатата седмица ја започна доцната фаза од тестирањето. Оваа вакцина се смета за еден од главните кандидати против коронавирусот во светот.

Според порталот за медицински вести Stat News, забележана е сериозна нуспојава кај еден учесник во британското испитување, Компанијата доброволно престанала со испитувањето на ткн „оксфордска вакцина“, за да се преиспитаат податоците за безбедноста, нарекувајќи го тоа рутинска акција во такво истражување.

„Во големо испитување, болестите може случајно да се појават, но тоа мора независно да се разгледа за внимателно да се провери. Работиме на забрзување на проверката на секој индивидулен случај за да го минимизираме влијанието врз распоредот на испитувањата“, соопштиле од компанијата.

За природата на болеста кај пациентот и како дошло до неа не е објавено, но се очекува дека заболениот учесник во тестирањето ќе се опорави, пишува Stat News.

„АstraZeneca“ е една од деветте фармацевтски компании кои во вторникот ветија дека ќе го „задржат интегритетот на научниот процес“ додека се соочуваат со притисокот што поскоро да ја произведат вакцината. Истражувањата може да траат од 18 месеци до неколку години, но многу земји ги забрзааа напорите во обидот да се забави пандемијата на коронавирусот.

Претходните испитувања на „оксфордската вакцина“ во кои беа вклучени над 1.000 лица покажале дека вакцината е безбедна и дека произведува имунитет. Во оваа вакцина западниот свет полага големи надежи, Европската унија веќе обезбедии право на купување 400 милиони дози, доколку вакцината биде одобрена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.