12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Павле Богоевски и по оставката една година ќе зема пари од граѓаните

Пратеникот Павле Богоевски, откако официјално ќе поднесе оставка, има право на апанажа од една година, а за да го оствари тоа право, во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата, тој треба да поднесе барање, пренесе Судство.

Според овој закон еден пратеник може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеца, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.

За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

Инаку Богоевски беше снимен во такси како нарачува дрога. Пред неколку денови по огромните притисоци од јавноста најави оставка.