Павлова-Данева: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата

Поранешната пратеничка од редовиде на СДСМ и професорка, Ана Павлова Данева смета дека законот за јазиците не треба да се ниси без опозиција и по скратена постапка.

Законот за употреба на јазиците, кој е од големо политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата, вели професорката Ана Павлова Данева, додавјќи дека тој не смее да биде усвоен ниту по скратена постапка, вели Данева.

Според Данева, чиј став го пренесува порталот Фактор, европското знаменце, што беше придодадено на Законот, никому не му бил јасно зошто тоа било направено.Уставниот суд само што бил пополнет и не може да се очекува брзо да ја оценува уставноста на Законот, сепак оваа институција ќе направи ретроспектива, смета професорката Данева.