Пазарџиите од Зелен пазар денеска на предупредувачки штрајк

Пазарџиите од Зелен пазар денеска излегуваат на предупредувачки генерален штрајк. Тезгите ќе бидат затворени во тект на целиот ден. Револтирани се од новиот ценовник на Скопски пазар со кој велат драстично им се покачиле цените за  закуп на тезга и од селективниот пристап кон пазарџиите.

Од Скопски пазар  посочија дека немаат намера да го менуваат ценовникот, зголемена е цената само на дневниот закуп на тезга.

Цената за дневен закуп на тезга е зголемена од  150 на 250 денари. Не може месечниот да биде поскап од дневниот закуп.  Цените пак за месечен месечен закуп се движат од 2.500 до 7.000 денари во завиност од тоа каде се наоѓа пазарот и самата тезга, велат од скопски пазар.

Претходно пазарџиите реагираа и на новиот закон за зелени пазари кој требаше да стартува од идната година, а со кој се предвидуваше пазарџиите да обезбедат и лиценци за работа.  Сепак надлежните одлучија да го укинат а во меѓувреме се работи на новов закоско решение.

Денеска на штрајк прво ќе излезат пазарџиите од зелен пазар а ако не се промени нешто во однос на нивните барања ќе  ја добијат пордшката и од другите пазари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.