Пазарната инспекција ја затвори дискотеката „Привилеџ“

Пазарната инспекција попладнево ја затвори дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк, објави за „Слободен печат“ директорката на ДПИ, Анета Симеска.

Причината поради која диско клубот е затворен, според неа е непочитување на решението за привремена забрана за дејност кое претходно му било издадено на клубот поради немање лиценца.

Пред дискотеката минатата недела убиен беше 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, присутен на организирана забава која траела до доцните утрински часови.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека „Привилеџ“ работел без лиценца.