Пазарот со недвижнини може да предизвика нова криза

Пазарот на недвижности би можел да предизвика нова криза во Европа, предупреди во средата супервизорот на Европската централна банка (ЕЦБ), Даниеле Нуи во интервју за летонска новинска агенција (ЛЕТА), додавајќи дека банките се подобро подготвени за кризата отколку што беа пред десет години.

Со каматните стапки на рекордно ниско ниво, цените на недвижностите на многу хит дестинации значително се зголемија. Некои политичари предупредуваат дека лабавата монетарна политика генерира ризик од силен раст на цените на пазарите на недвижности, кои потенцијално водат кон нова криза, потсетува Ројтерс.

Што би можело да предизвика нова криза? Не знам, но претпоставувам дека тоа би можело да биде пазарот на недвижности.  Знаеме сигурно дека ќе има нова криза, но не знаеме кога и каде, рече Ноуи  за ЛЕТА.

 

Иако банките се подобро капитализирани и ликвидни и со евтини пари, некои банки не се доволно успешни во мобилизирањето на обезбедувањето и добивање на дополнителна ликвидност на пазарите кога ќе се најдат притисок, додаде таа.

Сè уште немаме систем за осигурување на депозити на ниво на ЕУ, потсетува Нуи.

Знам дека некои северноевропски и источноевропски земји посакуваат поизразено намалување на ризикот во банките на еврозоната пред преземањето на следниот чекор. Мислам дека ризиците се веќе значително  намалени. Затоа сега мора да направиме чекор напред, додаде таа.