Пазарна не смее да припари и да контролира во Чаир

1983

Пазарната инспекција гонеше сопственици на угостителски објекти на Боемската улица во Скопје дали има гостин вантре во кафеаната, нормално бркајќи го трофејот Христијан Мицкоски, а денеска шефицата раковидителката на Инспекцискиот надзор Мери Проја Продановска се јави од Охрид и пред новинарите изјави дека казниле 22 угостители, како и пред некој ден во Дебар маало. Класичен чалам.

Денеска репортажата на ТВ Телма секаде во регионот е хит поради тоа што не се почитува полицискиот час во Чаир и се работи како да е нормален ден.

На Боемска илица се прекрашуваа протоколите,  а во Чаир се прекрши држвата и станавме за потсмев. Но, Продановска реши карантинот да го помине во Охрид, ем ќе казнува, ем ќе се слика за медиумите, а Бога ми и убав викенд ќе си истера. Што беше тоа Чаир?! Не смее ниту да го изговори, не па да отиде во инспекција, каде што е прекршено се што може да се прекрши, а нешто поголемо од полицсики час – здравје!

Очекуваме прес-конференција на Продановска пред некој дуќан во Чаир што работи за време на полициски час!

Отворена продавница во Чаир, луѓето си пазаруваат, а само на неколку метри од нив полиција која ги проверува само дозволите за движење на оние кои се со возила.

Во репортажата на Телма од денешниот карантински ден во Скопје, покажува дека и во населбата Даме Груев одвреме навреме поминува полициска патрола, но граѓаните не се многу исплашени, а полицијата само ги предупредува да се вратат дома.

„Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачки е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час. Движење регистриравме и во други населени места во скопско. Казни нема, само остри усни опомени за луѓето кои опуштено се движат надвор иако тоа не смеат да го прават“, се вели во репортажата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.