Пчелари од Македонска Каменица добија 400 медоносни дрвца

219
пчелари

Како што истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Дарко Митевски,  општината има за задача да го поттикне развојот на пчеларството и работата на Здружението на пчелари кое постои една година за што од буџетот на општината  се издвоени 170 илјади денари.

Здружението на пчелари од Македонска Каменица е младо здружение формирано 2016, а како здружение,  конкурираше со проекти до Општината  и Советот ги одобри сите проекти на Здружението. Денеска доделуваме медоносни дрвца кои ќе бидат посадени на местата каде им се пчелните семејства, а во иднина ќе ги поддржиме и најавените обуки за пчеларите, а целта е, секако, да го поттикнеме развојот на пчеларството за кое сме убедени дека има потенцијал во овој регион, рече Митевски.

Претседателот на Здружението, Боге Јанковски, го потенцираше значењето на соработката со општината.

Ние како младо Здружение без поддршка од институциите не можеме да опстоиме. Посебно е значајна денешната поддршка за пчеларите и овие медоносни дрвца од сортата на јапонски багрем кој цути во август кога е сушен период и се посадува во близина на пчелните семејства. Територијата на Македонска Каменица има големи потенцијали за равој на пчеларството, голема неискористетност на пчелните паши, а ќе се обидеме  да ги зголемиме и пчелните семејства. Овде се произведува најчистиот мед, што може да донесе и добар приход за пчеларите, но и да се произведе здрав мед кој е лек, истакна Јанковски.

Следната активност на Здружението е обука на пчеларите од компетентни стручни лица со цел да им помогнат на пчеларите во правилно одгледување на пчелните семејства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.