Пејачката Дафи: Некој ме дрогирал во ресторанот кај што славев роденден а потоа четири недели ме силуваше

-Во заложништво бев полни четири недели. Па ме одведе во друга држава и ме силуваше во хотелска соба. Ми беше роденден, некој ме дрогирал во ресторанот, а  киднаперот продолжи да ме дрогира и следните четири недели. Не се сеќавам како сум се качила на авион, како сум дошла во хотелот.  Се сеќавам на болката и дека се обидував да останам свесна колку што можам после се што ми се случи. Премногу се плашев да побегнам , бидејки бев во странска држава, изјавила таа а пренесуваат странските медиуми.

Дафи кажала дека нашла сила да остане жива додека траеле деновите на мачење.

“Размислував да побегнам во соседниот град, додека тој спиеше,  но немав пари и се плашев дека ќе повика полиција поради бегството и дека можеби ќе ме бараат како исчезната.  Не знам како собрав сили да ги издржам тие денови, но чувствував присуство на нешто што ми помогна да останам жива, навела  таа.

Дафи открила и дека со киднаперот се вратила дома, дека била како зомби во авионот и дека тој продолжил да ја дрогира во нејзиниот дом, но на крајот зборовите на киднаперот и дале храброст да побегне таму каде никој нема да ја најде.

“Знаев дека животот ми е во опасност и ми претеше дека ќе ме убие. Ме дрогираше во мојот дом со недели, изјавила пејачката и додала како не се сеќава како се ослободила од киднаперот.

Таа признала дека ова врз неа оставило голема трага и само психотерапевтот ја спасил да не изврши самоубиство.  Рекла и дека се одлучила сето ова да го сподели со сите за да ги охрабри жртвите на насилство да прозборат и да не се срамат од она што претрпеле.  Последните три години се селела дури пет пати за да му побегне на силувачот.