Пецаков- Брнз: Соработка ќе се унапредува во повеќе области

Денеска остварив протоколарна средба со г-ѓа Кејт Мари Брнз, амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. На средбата разговаравме за веќе воспоставената добра меѓусебна соработка, но и за можностите за продлабочување на соработката, информира Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

-Амбасадорката ми ги пренесе искуствата од државата Вермонт во развојот на екотуризмот кои целосно може да се применат и во Охрид, како и дека постои можност и за соработка во областа на образованието со оваа држава. Ја информирав амбасадорката за планот и динамиката во реализирањето на предвидените инфраструктурни и капитални проекти, како и за ставот за продолжување со работа во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО. Амбасадорката Брнз ја истакна својата поддршка за заложбите за зачувување на универзалните вредности и јавното добро. Разговаравме и за актуелни локални теми како и за предизвиците во развојот на туризмот во пандемскиот период. Заеднички беше потенцирано дека во иднина меѓусебната соработка ќе се унапредува во повеќе области.