Пецаков го повика Заев да престане со предизборниот поткуп и да не ги мами граѓаните

Зошто се лажат заболените од цистична фиброза и не им се набавува терапија, зошто и како е можно корупцијата да биде кај третиот и четвртиот ешалон и дали со тоа се праќа порака дека првиот и вториот ешалон се заштитени и, трето, зошто сега се врши превработувањае во јавниот сектор со пратиски војници, односно предизборен поткуп, а се ставаат на страна професионалците, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, премиерот Зоран Заев во петочната редовна собраниска седница за пратенички прашања.

„Заболените со цистична фиброза немаат  ниту модуларна, ниту инхалациона терапија. Како држава имаме потфрлање и два месеци го нема лекот кој е дел од модуларна терапија, а министерот Филипче на почеток на јули рече дека ќе го има за една недела сега е крај на јули. Нема лекови и од  инхалационата терапија за цел јули нема терапија, а се шпекулира дека тендерот ќе заврши тендер во август. Ова е лоша грижа за пациентите од ова ретко заболување“, рече Пецаков.

Пратеникот се осврна и на констатациите на Стејт департментот според кој има корупција во високи ешалони, а премиерот Заев рече дека е сконцентрирана кај третиот и четвртиот ешалон. Дали со ова Заев го охрабрува првиот ешалон, праша Пецаков.

„Стејт департментот имаше  обвинувања за корупција во полиција, судство, дека не се пишуваат законите врз основа на анализи и се користи кратка постапка за усвојување на истите, дека има правна непредвидливост, нетранспарентни јавни набавки, дека одговараат „ситни риби“. Извештајот го потврдува она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ“, рече Пецаков кој се осврна на низа на примери на лица од семејството Заеви кои се фатени на дело со криминал, а не се повикани ниту на разговор од надлежните институции.

Пратеникот се осврна и на полењето на јавниот сектор со нови вработувања и тоа пред избори прашувајќи го премиерот Заев:

„Дали планирате да се борите со превработеноста во јавниот сектор со партиски војници, дали ќе прекинете со предизборен поткуп и партизација и приватизација на јавниот сектор. Треба да вработувате професионалци“.