5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Пецаков: „Македонски просветители“ ќе биде комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, со по две пешачки патеки и коловозни ленти

Денес започнуваме со изградба на булеварот „Македонски просветители“ кој што документационо беше завршен во изминатиот период, изјави денеска градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

-Во моментов само ќе тендерираме уште две работи кои што не беа завршени по однос на документација и бидејќи проектот ќе биде во изградба, односно рокот е шест месеци тековно ќе ги средиме документите и самиот тендер за осветлување. Така ќе имаме комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и секако две коловозни ленти кои што ќе се движат во двата правци, потенцираше Пецаков.