12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Пецаков: Почна асфалтирањето на дел од булеварот „Македонски просветители“ во Охрид

Активности за асфалтирање на дел од Булеварот „Македонски Просветители“ се одвиваат денеска. Се асфалтира делот кој беше опфатен во првата фаза од реконструкцијата на Булеварот. По целосното завршување на овој дел, активностите продолжуваат на делот опфатен во втората фаза од реконструкцијата на Булеварот „Македонски Просветители“.

Согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас, пишува на Фејсбук охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.