Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ за општина Охрид, Кирил Пецаков, утрово го оствари своето граѓанско право во избирачко место 1262 во ОУ „Григор Прличев“.
Пред гласањето на кое Пецаков дојде со својата сопруга, рече дека народот е повеќе од свесен и во првиот круг го кажал своето мислење во однос на изборите.
-Очекувањата се позитивен резултат и во вториот круг изразен со повеќе гласови разлика отколку во првиот, рече Пецаков, додавајќи дека е убеден оти Охрид ќе биде почеток на промените.