Пецаковаки: Потфрливме во одбраната, но вртиме нов лист против Исланд

Македонскиот репрезентативец Дејан Пецаковски,го остави зад себе стравот поради повредата што го мачи подолго време, одигра храбро и беше најдобар поединец во македонскиот национален тим на дуелот со Унгарија. Но, неговата индивидулана игра остан во сенка на поразот од Унгарците.

„Одиграве квалитетен меч, но за жал тоа не значи премногу кога ќе се претрпи пораз. Ние не одигравме на потребното ниво, особено кога станува збор за одбраната која вообичаено ни е силна страна. Бевме премногу самоуверени по триумфот над Австријците, верувавме дека одново ќе славиме, но се покажа токму спротивното. Имавме лош ден, но мораме да свртиме нов лист и да ги насочиме мислите кон Исланд “ , вели Пецаковски.