14.2 C
Skopje
сабота, октомври 31, 2020

Пецас: Имплементацијата на Договорот од Преспа ќе биде предмет на средбата Заев-Мицотакис

123

Грчкиот премиер вчера на прес конференција повтори околу неговата резервираност во однос на договорот но посочи  дека тој е сепак  затворено прашање.

Спроведувањето на преспанскиот договор ќе биде една од темите на средбата в среда меѓу грчкиот и македонскиот премиер Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев, кој во Атина ќе присуствува во рамки на конференцијата на угледниот економист, што традиционално се одржува секоја година.

Грчкиот премиер вчера на прес конференција повтори околу неговата резервираност во однос на договорот но посочи дека тој е сепак затворено прашање, со оглед на тоа дека станува збор за меѓународно ратификуван договор, а Грција како што изјави ги почитува таквите договори..

-Ова прашање, да, затворено е, но она што не е затворено е правилното имплементирање на, според нашето мислење, еден проблематичен договор. И штом сме резервирани или постојат прашања за кои треба да се разговара, со господинот Заев или со било кој и да е премиер во Македонија, очигледно дека ќе разговараме, вели Мицотакис.

Имаме прашања за дискусија, соседи сме потенцираше грчкиот премиер, но сепак не прецизираше детали околу разговорите.

Денеска портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас откри дека европската перспектива, билатералните односи, како и темите што произлегуваат од договорот, комисиите и слично, ќе бидат дел од прашањата на средбата меѓу двајцата премиери.

Од владата соопштија дека Заев и Мицотакис ќе имаат работен ручек а претходно премиерот ќе се сретне со претседателката на Грција Катерина Секеларопулу.

Имаме позитивен пристап, поаѓајќи од досегашните позитивни искуства од разговорите, брифираат од владата од каде очекуваат уште една конструктивна средба и дискусија во однос на договорот кој како што велат од владата е од суштинско значење и за двете страни.

Инаку, според објавената агенда, премиерот Заев в среда, на вториот ден од конференцијата на економист ќе учествува на панел дискусија посветена на западен Балкан, на која Заев ќе дискутира во однос на проширувањето на ЕУ, реформите што треба да се спроведат но и за трговијата и инвестициите

На дводневната конференција која почнува утре ќе учествуваат и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис , лидерот на Сириза Алексис Ципрас, како и министри од грчката влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.