Педесет борци на Исламската држава им се предале на талибаните

Неколку десетици борци на ултрарадикалната сунитска џихадистичка групација Исламска држава им се предале на локалните власти формирани од радикалното исламистичко движење Талибан во источната авганистанска провинција Нангахар, пренесе во недеалта авганистанската новинска агенција Pajhwok,

Претставник на разузнавачката служба во провинцијата за агенцијата рекол дека „педесет борци на Исламската држава во Нангахар се предале на владините сили“. Во информцијата се истакнува дека тоа било остварено благодарејќи „на посредништвото во кое учестувале лидерите на локалните племиња“.

Изминатите два месеца во неколку провинции во Авганистан, како и во главниот град Кабул, се сличија повеќе експлозии, вооружени напади и престрелки во кои жртви беа талибански борци, цивили и припадници на шиитската заедница.

Исламската држава ја преземеше одговорноста за повеќето неодамнешни напади. Талибаните и Исламската држава изминатите години се бореа меѓусебно за контрола над некои покраиниа. Висок талибански функционер неодамна тврдеше дека џихадстичката групација Исламска држава не претставува закана во Авганистан, како и дека талибаните може да ја совладаат. Но во последниот период се појавија информации дека некои земји ги пренесуваат странските џихадити од Сирија и Ирак во Авганистан.

Локалните групи кои им се лојални на џихадистите се познати како Исламска држава Корасан (ISIS-K), којашто е активна од 2015 година и се бореше не само против авганистанските безбедносни сили, туку и за превласт на теренот против талибаните коишто контролираат значителен дел особено од руралните покраини на Авганистан. Точниот број на припадници на Исламската држава во Авганистан е тешко да се утврди, но според американските разузнавачки процени станува збор за околу две илјади борци.

На 10-ти октомври, поранешниот бунтовнички портпарол сега заменик-министер за информации и култура во привремената авганистанска влада Забиула Муџахид, повтори дека Исламската држава „не претставува закана за Авганистан и талибаните се способни самите да се справат со оваа група“.