Педесет години Давос и светските кризи

115

Светскиот економски форум во швајцарското зимско одморалиште Давос годинива одбележува 50-годишен јубилеј, а на дневниот ред на самитот на светската економска и политичка елита нема да бидат заобиколени темите за кампањата за „спас на планетата“ и светските кризи, чиишто своевидни „заштитини лица“ ќе бидат младата шведска активистка Грета Тунберг и американскиот претседател Доналд Трамп.

Од 1971 година политичари, економски стручњаци и научници, се собираат во швајцарскиот зимски центар за да ги разгледуваат стратегиите за економскиот и научниот развој, но како и сите меѓународни собири, и овој во Давос носи конвергенција од идеи, а истовремено и опасност од поделби, се наведува во најавниот текст на самитот на агенцијата AFP.

Најдобар пример за тоа е очекуваното доаѓање на двете моментални светски ѕвезди. Првата е 17-годишната климатска активистка Грета Тунберг, предводничка на младешкото движење кое ги прозива политичарите и деловниот свет дека не прават доволно во борбата за спас на планетата од глобалното затоплување. Нејзин антипод е американскиот претседател Доналд Трамп кој ги признава опречните научни објаснувања и не ја признава климатската закана и со кого Тунберг разменува остри објави преку Twitter. Трамп во Давос се враќа по 2018 година, а своето обраќање треба да го одржи токму на денот кога американските сенатори ќе ја отворат постапката за негово отповикување од должноста.

Годинешното издание на Давос се одвива и нецел месец од ескалацијата на американско-иранските тензии предизвикани со американскиот атентат врз највисокиот ирански воен командант, на што Техеран возврати со ракетирање на ирачките бази со американски војници колатерална жртва беа 176-те загинати во украинскиот авион кој по грешка беше соборен од ирански проектил наменет за американски ракети. Шефот на иранската дипломатија, Мохамед Џавад Зариф, го откажа доаѓањето во Давос, а пак таму ќе допатува Бахрам Салех, претседателот на Ирак на чијашто почва се одвива новиот американско-ирански судир.

Од првиот работен ден во вторникот до петокот, Економскиот форум во Давос ќе биде платформа за разговорите за трговските и технолошките офанзиви на САД. Форумот започнува и една седмица по потпишувањето на првата фаза од американско-кинескиот договор со кој е прогласено привремено примирје во долгогодишната трговска војна меѓу двете најголеми економски сили на планетата. Најавено е учеството на заменикот на кинескиот премиер, Хан Женг, кој ќе ја предводи кинеската делегација.

Егзистенцијалниот предизвик

Меѓу претставниците на деловниот свет ќе биде и Рен Женгфеи, сопственикот на кинескиот технолошки и информатички гигант „Huawei“, кого САД го прогони од американскиот пазар, воведе санкции и ги повикува своите сојузници да го сторат истото. Таквиот развој на настаните навестува скорешно избувнување на „технолошка студена војна“.

Европа, пак, ќе ја претставуваат двете највлијателни жени од Германија, претседателката на Европската комисија, Урсила фон дер Лејен, и германската канцеларка Ангела Меркел.

„Кога станува збор за климатските промени и бројните судири во светот, како оној со Иран, САД и европските челници не се единствено во поглед на тоа какви решенија треба да прифатат“, вели Џереми Шапиро, директор за истражувања во европскиот совет за меѓународни односи (European Council on Foreign Relations – ECFR).

Зе Европската унија климатскот прашање претставува „егзистенцијален предизвик“, а за Трамп тоа е „кинеска измислица“. Двете страни се разијдуваат и по прашањето на Иран и нуклеарниот договор кој го потпишаа шесте светски сили со него во 2015 година, а од кој САД се повлекоа во мај 2018 година, на што Техеран одговори со четири фази од суспендирање на дел од своите обврски произлезени од договорот. Дигиталниот данок кој Париз го воведе за информатичките гиганти, во прв ред за американските, исто така, е причина за разијдувае во односите меѓу некои од главните европски земји и САД.

Шапиро не верува „дека ќе се создадат цврсти основи за носење заеднички решенија за горливите светски прашања“.

 

Неизвесност

Во извештајот објавен пред почетокот на годишното заседание, Економскиот форум (WEF) го истакнува „народното незадоволство поради изостанувањето на економската стабилност, поради климатските промени, забрзаното губење на биоразличноста и нерамноправниот пристап до интернетот и здравстениот систем“.

„Светот повеќе не може да чека да се крене маглата од геополитичките и економските неизвесности (…) Опцијата да се сочека сегашната состојба да мине и ‘системот да се врати во нормалата’ е опасност да се упропастат клучните шанси за промена“, пишува во извештајот.

Поранешниот американски дипломат Карлос Пасквал не очекува дека Доналд Трамп во Давос ќе ги ублажи звоите ставови во однос на светскаа трговија и еколошките политики.

„Негов приоритет ќе биде да им испрати порака на Американците, а не на меѓународната заедница. Трамп во ноември се натпреварува за резибор и неговата цел е да им порача на американските избирачи дека неговиот прв приоритет во меѓународната политика останува ‘Америка на прво место“, оценува Пасквал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.