Педесетина незаконски вработување во Агенцијата за разузнавање

Повеќе од 50 незаконски распоредувања се потпишани од директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, изминатиот викенд, информираат лица од агенцијата. Распоредени се луѓе на 3 до 4 скалила пониско без никаква постапка и покрената дисциплинска одговорност, спротивно на Колективниот договор со кој е предвиден јасен критериум за распоредување максимум едно скалило надолу.

Во исто време за 3, 4 и повеќе скалила унапредени се луѓе кои работеле во НВО-то на неговата сопруга, регистрирана на неговата домашна адреса, лица синови на познати поддржувачи на Стево Пендаровски во неделникот Фокус кои имаат регулиран престој и лични документи во соседна Бугарија, лица сопружници на промотерите на книги на Пендаровски како и другари на Муслиу кои изминатиот период одбија или паднаа на полиграфските тестови.

Понудени се раководни места на блиски интимни пријателки на унапредените другари на Муслиу, кои засега одбиле, свесни дека може да бидат доведени во непријатна ситуација.

Во исто време се оставени упразнети речиси сите раководителски места на ниво на сектори во оперативните директорати со цел носење на партиски подобни кадри од страна.

Молчат двете синдикални организации во состав на МПС, без да пружат правна помош на незаконски уназадените членови. Во моментов сите незаконски уназадени спремаат тужби со кои ќе ги бараат своите права, а ќе одат претставки и до сите соодветни инстутуции како и меѓународни организации. Во втората тура се спрема масовно уназадување и во директоратите за аналитика и безбедност.