Педесетина новозаразени во Црна Гора

Владата на Црна Гора објави во вторникот дека ги отвора границите за сите земји од Европската унија, додека истовремено црногорскиот Институт за јавно здравје регистрирало 47 новозаразени лица со новиот коронавирус во последните 24 часа.

Вкупниот број регистрирани случаи на зараза со коронавирусот во Црна Гора од средината на јуни е 224, од кои три имаа смртен исход. Црна Гора претходно 42 дена последователно немаше новозаразени со коронавирусот.

Во текот на првиот бран на коронавирусот во Црна Гора имапе 324 заразени лица од кои починаа девет лица.

Поради растот на бројот на инфицираните црногорскиот Националното координативно тело за заразни болести воведе нови приврмени мерки кои подразбираат забрана на работата на ноќните клубови и организирање приватни собири, како свадбени и роденденски прослави.

„Мерките ќе се применуваат седум дена, по што врз основа на анализата на ефектите од мерките ќе биде донесена одлука за тоа дали мерките и натаму ќе бидат применувани или ќе престане нивното применување“, соопшти владата во Подгорица.

Третина од вкупниот број заразени се во Рожаје, град со околу 20.000 жители кон границата со Србија, па црногорската влада воведе мерка за забрана за напуштање на оваа општина и патувања во неа, а затворени се сите угостителски објекти во градот.

Црногорската влада претходно се правдаапе дека повеќето новозаразени престојувале во Србија или биле во контакт со лица кои биле во Србија, а кои за да го избегнат карантинот по враќањето во Црна Гора, во земјата влегле од Босна и Херцеговина или на илегалните премини.

Откако Советот на Европската унија ги усвои препораките за постепено отворање на границите на ЕУ за државјаните на 14 земји од 1-ви јули, меѓу кои е Црна Гора, оваа земја ги отвори своите граничи без ограничување за државјаните на челнките на Унијата.

„На граѓаните на државите на Европската унија им се овозможува влез во Црна Гора и преку држави кои не се членки на ЕУ, но исклучиво доколку овие држави ги користат само како транзитни земји, односно доколку во тие држави не се задржуваат што се докажува со увидот во втемето на влегување и излегување од тие држави“, се наведува во соопштението на црногорската влада.

Црногорските граници од 1-ви јуни се отворени за земјите кои имаат помалку од 25 активни случаи на 100.000 жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.