Педофил нападнал дете во Ѓорче

Полицијата трага по педофил на возраст од над 60 години, кој нападнал дете, вчера во скопската населба Ѓорче Петров, информираше МВР.

На 04.10.2018 година околу 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 8.00 часот во населбата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години. Според пријавеното, непознатиот извршил полов напад врз детето, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на настанот.