Педофил од Тетово со нож нападнал десетгодишно девојче

264

Тетовец со нож расекол десетгодишно девојче, кое претходно се обидел да го силува, информираше МВР.

Според полицијата,  51 годишен жител на Тетово вчера пријавил дека околу 17 часот неговата десет годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле била нападната од машко лице. Тоа  и се доближило и со нож и нанело неколку исеченици, а откако девојчето го удрило напаѓачот избегал.

Истото лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот во кој незабележано влегол и ја допирало по телото.

По преземени мерки во Полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.