Педофили славеле силувања на деца во просториите на Би-Би-Си, детски домови, болници

Против поранешниот водител на Би-Би-Си, Џими Савила, се поднесени повеќе од 500 пријави за сексуално злоставување на деца, пренесува Би-Би-Си.

Најголемиот број од жртвите се на возраст од 13 до 15 години, а најмладата има само 2 години.

Објавени се документи кои откриваат и какво влијание имал Савила во психијатриската болница „Бродмор“ каде водел работилница за реорганизација на установата. Медиумите пренесуваат дека само во оваа установа биле забележани 16 случаи.

Министерството за здравство и Би-Би-Си најавија дека извештајот ќе биде објавен во текот на оваа година.

Од Фондацијата за заштита на децата НСПЦЦ велат дека по телефонски пат примиле 50 пријави откако во јануари 2013 година е објавен заедничкиот извештај на Фондацијата и полицијата. Поднесени се пријави од самите жртви, луѓето кои ги познаваат и оние кои поседуваат важни информации за истрагата. Првите случаи потекнуваат уште од 40-те години на минатиот век, а најновите се од 2007 година.

Во извештајот пишува дека најмногу силувања се случиле во просториите на Би-Би-Си, потоа во болниците и во домовите за деца.

„Позади оваа сувопарна статистика се наоѓаат деца чии животи се уништени од опортунистички сексуален предатор“, рече Питер Ват, директор на Фондацијата.