Педро како пеницилин за Гетафе, Реал (М) спаси кожа во Валенсија

И покрај негативата од два гола која ја имаа во 34 минута, фудбалерите на Барселона успеаа на крајот да забележат убедлив триумф од 5:2 во првенствената пресметка против екипата на Гетафе.

Хет-трик за само осум минути постигна брзоногиот напаѓач, Педро Родригез, а два погодока, вториот од пенал, постигна одличниот играч за врска, Сеск Фабрегас.

Планираните три бода Барселона ги освои без помошта на најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, а поради пет жолти картони, дуелот против Гетафе од пред малите телевизиски канали го следеше и бразилскиот интернационалец, Неимар.

Последниот неделен натпревар од 17. коло во шпанската Примера дивизион, дерби пресметката на “Метаља” помеѓу екипите на Валенсија и Реал (М) заврши со минимален триумф на “кралскиот клуб” од 3:2.

Резултати: Еспањол – Валјадолид 4:2, Гетафе – Барселона 2:5, Атлетик Б. – Р.Валјекано 2:1, Селта – Осасуна 1:1, Валенсија – Реал (М).