Педро се радува на промените кои се случија на Ноу Камп

Крилниот напаѓач на каталонскиот гигант Барселона, Педро Родригез е убеден дека промените во раководната структура и во играчкиот кадар позитивно ќе влијаат врз тие фудбалери кои ќе останат на “Ноу Камп” и по завршетокот на летниот преоден рок.

Пред неколку недели, за нов тренер на Барса беше именуван Луис Енрике кој во новата сезона нема да може да смета на услугите на Карлес Пујол кој замина во пензија и тие на Виктор Валдез кој ја одби понудата за продолжување на соработката.

Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ е ангажиран како замена за Сеск Фабрегас кој е продаден на Челзи, а до крајот од летниот преоден рок, Барселона ќе ги осигура и услугите на контроверзниот уругвајски интернационалец од редовите на Ливерпул, Луис Суарез.

“Штета што во новата сезона, Барса не може да смета на услугите на Пујол и тие на Валдез. Има многу промени на “Ноу Камп”, промени во играчкиот кадар и во раководната структура. Сепак, јас сум убеден дека тие промени се за доброто на клубот и дека истите позитивно ќе влијаат врз тие фудбалери кои ќе останат на “Ноу Камп”, изјави Педро.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.