Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во автомобил

Популарниот македонски пејач и актер Влатко Илиевски вчера бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, дознава Press24.
Според официјалните информации од МВР, телото на Илиевски било пронајдено околу 23 часот во автомобил „тојота“ на булеварот Трета Македонска бригада.
Увид на местото извршил јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција.
Од МВР нема детали дали на телото има траги од насилство.

Илиевски беше член на бендот „Морал“, а во 2011 година ја преентираше Македонија на изборот за песна на Евровизија. Во 2010 година дилпомираше на Факултетот за драмски уметности.

Илиевски на 2 јули го прослави својот 33 роденден.

Ова е неговата последна објава на Фејсбук од пред 20 часа.