Пејсерс ја прекинаа серијата порази

Кошаркарите на Индијана Пејсер ја прекинаа серијата од четири последователни порази во НБА лигата со гостинската победа од 105:87 против Чикаго Булс, во натпреварите играни ноќта кон петокот.

Најефикасен во редовите на Пејсер беше Виктор Оладипо со 25 поени, како и хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ со 22 поени. Кај оваа сезона слабите Булс, пак, најдобар беше играчот од клупата Боби Портис со 20 поени и 11 скокови.

Со сооднос во победи и порази од 6-7 Индијана Пејсерс и натаму е надвор од кругот екипи кои би влегле во плеј-офот, во моментов е на 9-то место во Источната конференција со пораз повеќе од осмиот Мајами Хитс. Чикаго Булс е дури 14-ти на Истокот со сооднос 2-8, а послаби се само Атланта Хоукс со 2-10.

Орландо Меџик, исто така како гостин во Аризона, со 128:112 ги совлада Феникс Санс. Најдобар кај Орландо беше Арон Гордон со 25 поени, додека центарот Алекс Лен со 21 кош и 13 скокови беше најдобар кај Феникс.

Со сооднос 8-4 Орландо е во водство во својата југоисточна група и вкупно трет во Источната конференција, додека Феникс е 13-ти во Западната конференција со сооднос 4-9.

Бостон Селтикс ја продолжија својата низа од победи на 11 совладувајќи ги на својот паркет Шарлот Хорнетс со 90:87, а до триумфот дојдоа и покрај тоа што веќе во втората минута од мечот останаа без својот најдобар играч Кајри Ирвинг. Тој случајно беше погоден во главата од лактот на соиграчот Арон Бејнес, а лекарите се посомневаа дека Ирвинг притоа доживеал потрес на мозокот. Гостите од Шарлот ја искористија почетната збунетост на домашните и поведоа дури со 26:9, а на почетокот од третата четвртина имаа и највисоки 18 поени предност. Но тогаш се разиграа кошаркарите на Бостон и од брзи контранапади постепено ја намалуваат разликата на гостите од пет минути пред крајот кога и поведоа со 80:79. При резултат од 90:87 Хорнетс има три секунди за напад во кој со евентуална „тројка“ можеа да дојдат до продолженијата, но Камински згреши при изведувањето аут па Селтикс славеа.

Во воедначената екипа на Бостон се истакнаа Џејсон Татум со 16 и Тери Розиер со 15 поени, додека Џејлен Браун имаше 10 поени и 13 скокови. Кај Шарлот најдобар беше Кемба Волкер со 20 кошеви и 11 асистенции.

Милвоки Бакс со резултат 94:87 остварија важна гостинска победа кај Сан Антонио Спарс. Домашните на две и пол минути до крајот со кошот на аргентинскиот ветеран Емануел Џинобили намалија на 89:87 но потоа веќе не успеаја да поентираат, додека клучниот кош за Милвоки го постигна нивниот нов играч Ерик Бедшо.

Повторно кај Милвоки најдобар беше грчкиот кошаркар Јанис Антетокунмпо со 28 кошови и 12 скоково, Бледшо додаде 13 поени со 4 скокови и 7 асистенции, додека кај Сан Антонио најдобар беше Ламаркус Олдриџ со 20 погодоци и 12 скокови, а Џинобили додаде 18 поени.

Одлична партија пружи Пол Џорџ кој во победата од 120:111 на Оклахома Сити Тандерс против Лос Анџелес Клиперс постигна 42 поени и на тоа додаде 9 скокови и 7 асистенции. Кај гостите најефикасен беше Лоу Вилијамс кој иако влезе од клупата постигна дури 35 кошови.