Пејсерс се намачија дома со Нагетс

Кошаркарите на Индијана Пејсер мораа на домашен терен да одиграат продолжетоци за да забележат победа од 126:116 над Денвер Нагетс, во неделната серија натпревари во НБА лигата.

Пејсерси надоместија осум поени заостанување во последните три минута од регуларниот дел на мечот, надигрувајќи ги Нагетс со 12:2 во продолженеито, дозволувајќи му поени на противникот дури во последните секунди, кога победникот веќе беше решен, а погоди Кенет Ферјед.

Индијана до победата ја предводеше расположениот Виктор Оладипо со 47 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Мајлес Тарнер постигна 24 кошови со 8 скокови и 3 асистенции. Треј Лилес беше најдобар кај Денвер со 25 кошови, Вил Бартон додаде 21 поен со 6 скокови и 9 асистенции.

Њу Орлеанс Пеликанс на свој терен со 131:124 ги совладаа Филаделфија 76иксерс, кои настапија бедз Џоел Имбиид, Роберт Кингтон и Ти Џеј Мекконел.

Најдобар во редовите на домашните беше Џру Холидеј со 34 погодоци, додека Раџон Рандон постигна 13 кошови и дури 18 асистении. Ентони Дејвис даде 29 кошови, а Демаркус Кузинс додаде 23 поени и 9 скокови. Филаделфија ја водеше Џеј Џеј Редик со 28 поени, а Бен Симонс додаде 27 кошови и 10 асистенции, што е негов трет последователен „дабл-дабл“ и 15-ти сезонава.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.