Пекара Специјал со бројни понуди, промоции и гратис производи

Стремејќи се кон целта да се задоволат потребите на купувачите, брендот Специјал одлучи повторно да ги изненади своите потрошувачи со нова супер понуда, -10% oд 10 часот навечер на сите производи во сите Специјал пекари.

Покрај оваа одлична понуда, Специјал ви нуди уште голем број на промоции и акции кои се активни во сите Специјал пекари.

За најголемите љубители на пецивата, пекара Специјал и Млекара Здравје Радово, пред една година лансираа одлична кампања која вклучува големи попусти, комбо промоции и гратис производи.

Бурек од Специјал и јогурт од Млекара Здравје Радово наместо 85 денари ги добивате за само 50 денари + гратис принцес крофна, сите видови на Пица Рол + Јогурт се намелени од 102 денари на 90 денари, голем број на бели пецива во комбинација со јогурт се намалени од 80 денари на 50 денари.

Ова е само дел од големата понуда на Специјал и Здравје Радово, која се состои од повеќе од 20 акции и намалувања на разни производи.

Како дел од својот асортиман, во оваа пекара можете да најдете и голем број  готвени јадења, што значи дека и за време на работното време можете да уживате во топол оброк подготвен од рацете на врвни мајстори. За сите љубители на традиционалниот вкус, Специјал нуди одлична понуда и во овој сегмент. Уживајте во богат оброк за само 50 денари, а со оброкот добивате и гратис лепче босанка.

Од неодамна оваа пекара започна уште една нова програма, на која голем број потрошувачи не останаа рамнодушни. Станува збор за Хроно програмата, која засега вклучува Хроно Леб, Хроно Кифла и Хроно Пица.

Специјал има 21 продажни точки, од кои неколку (Карпош, Тафталиџе, Универзална, Рекорд, Зоил и Новоселски) работат 24/7.

Промоциите веќе ги знаете, на вас останува само да одберете, а за задоволување на вашите гурмански потреби оставете вистинските мајстори да се погрижат.