Пекерман: Тимот е стабилен и без Хамес

Селекторот на Колумбија, Хозе Пекерман изјави дека Хамес Родригез можеби ќе настапи вечерва против Англија. Тимот на Пакерман по почетниот пораз од Јапонија постигна триумфи против Полска (3:0) и Сенегал (1:0) и како првопласирана од групата Х обезбеди место во нокаут фазата.

Колумбискиот голгетер повреди мускул на натпреварот против Сенегал, па мораше да го напушти теренот во 31 минута од натпреварот. Сепак, подоцнежните испитувања покажаа дека повредата не била толку сериозна.

Добивме добри вести од лекарите по скенирањето со магнетна резонанца. Знаеме дека тоа не е сериозна повреда, па затоа се надеваме дека ќе може да игра, рече Пекерман.

Ако Родригез, сепак, не можеше да игра, наместо него,како против Сенегал, ќе настапи Луис Муриел.

Тимот е прилично стабилен и без Хамес, Луис направи одлична работа во претходниот натпревар. Технички е добро поткован и прилично брз. Добро се вклопи во тимот, изјави селекторот на Колумбија.

Голманот Дејвид Оспина е убеден дека Колумбија на Светското првенство во Русија има многу подобар тим во споредба со тој на првенството во Бразил.

Ние сме подобар тим од пред четири години, имаме повеќе искуство и подобри играчи од Бразил. Англија е добар тим, но не ни беше важно на кого ќе играме во осминафиналето. Знаеме дека ќе дадеме се што можеме без оглед на тоа кој ни е ривал. Ние не се плашиме од никого, изајви голманот Давид Оспина.

Натпреварот меѓу Колумбија и Англија се игра вечерва во 20 часот во Москва, а победникот од дуелот ќе игра против Шведска во четвртфиналето на Мундијалот.