Кинескиот парламент го прифати во четвртокот нацрт-предлогот за промена на измената на изборниот систем во Хонгконг, со кој централната власт во Пекинг има намера да го одржи високиот степен на автономија на поранешната британска колонија по принципот „една земја, два система“, а на Западот се оценува дека со тоа дополнително ќе се намали демократската застапеноста во институциите на градот и ќе се воведе механизам за проверка на лојалноста на политичарите на Кина, односно ќе ја зголеми кинеската контрола над оваа автономна област.
Сенародниот кинески конгрес ја усвои одлуката со 2.895 гласови „за“, ниеден „против“ и еден „воздржан“ на последниот ден на годишното заседание.
Населението во Хонгконг ќе има посебни права, ќе ужива висок степен на автономија во овој посебен административен регион, рече челникот на Државниот совет (премиерот на владата) на Кина, Ли Кечијанг.
„Имаме намера цврсто и целосно да се придржуваме до принципот една земја – два система, при што жителите на Хонгконг ќе има специјални права да ужива висок степен на автономија на овој посебен административен регион“, рече премиерот Ли на прес-конференцијата по годинашната седмица на Секинеското сорбание на народните претставници (парламентот).
Меѓутоа, новиот предлог-закон на Западот го сметаат за дел од напорите на Пекинг да го зацврсти сѐ поавторитарниот стисок над глобалниот финансиски центар откако претходно ланскиот јуни веќе го донесе законот за национална безбедност, кој критичарите го сметаат за алатка за сузбивање на политичките неистомисленици.
Ваквите кинески чекори се реакција на масовните протести во Хонгконг од 2019 година, зад кои според Пекинг стојат западните тајни служби. Оттогаш во затвор се повеќето од водечките продемократски активисти и политичари или заминаа во егзил.
Се оценува дека со промените практично се елиминира секоја можност на прозападната опозиција да влијае врз исходот на изборите во поранешната британска колонија која е вратена во матицата Кина во 1997 година со договорот кој предвидува висок степен на автономија за Хонгконг.
„Механизмот на ‘патриотизам’ го зголемува ризокот дека политичарите ќе се натпреваруваат кој му е поверен на Пекинг, а не кој има најдобри идеи за управување во градот“, ги пренесува Reuters мислењето на западни политички аналитичари.
Тие проценуваат дека ќе бидат променети големината, составот и начинот на којшто ќе се формира изборната комисиај која ги избира челниот Хонгконг.
Изборната комисија, исто така, ќе добие овластувања за избор на голем број од пратениците. Ќе биде воспоставен нов механизам за проверка на однесување на кандидатите и селдењето на однесувањето на победникот на изборите за да се осигури само патриотски ориентираните може да бидат на власт во Хонгконг.
Хонгконшкиот секретар уставни прашања Ерик Цанг го дефинирал патриотизмот како „холистичка љубов“ кон Кина, вклучително и кон водството на Комунистичката партија.
Пекинг во предлог-законот го гарантира општото право гласа во мини-уставот за Хонгконг, во Темелниот закон. Но критичарите велат дека измените на изборниот систем го турка во Хонгконг во спротивна насока и на прозападната (или наречена продемократска) опозиција ѝ остава најстеснет простор од 1997 гоина. За западот е нејасно како би требало да изгледа идната опозиција и дека нејзината порака би можело да биде во согласност со барањата за лојалност.