Пекинг ги нарече демонстрантите ’терористи’, ародромот во Хонгконг повторно работи

Канцеларијата на Кина во Хонгконг оцени во средата дека антивладините демонстрантите не се разликуваат од „терористи“, а американскиот претседател Доналд Трамо објави дека кинеските вооружени сили се придвижуваат кон границите со Хонгконг и повика на смирување на тензиите.

Кинеската канцеларија за Хонгонг и Макао истакна дека екстремното насилно однесување треба строго да биде казнето во согласност со законот. Оваа особено остра изјава следеше по судирот на демонстрантите и интервентата полиција на аеродромот поради што втор ден со ред беа запрени сите летови.

Неколку десетици демонстранти останале во средата на аеродромот кој работниците го чистат од крв и од парчиња од демолираниот инвентар. Шалтерите за пријава на патниците се отворени за стотици патници кои изминатата ноќ ги чекале своите летови.

Кинеските медиуми во средата пишуваат за „обоена револуција“ чијашто цел е да ја дестабилизиран локалната влада и „повторно да го предаде градот на Западот“.

„Кинеската влада никогаш нема да дозволи екстремна опозиција, нема да му дозволи на Западот Хонгконг да го одвлече во противкинескиот табор, ниту ќе дозволи градот да западне во долготраен хаос или да стане база на Западот за уривање на кинескиот политички систем“, пишува во воведникот државниот кинески весни на англиски јазик The Global Times.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди во вторникот, врз основа на информациите на американските разузнавачки служби, дека кинеската војска се распоредува на границата со Хонгконг. Службените кинески медиуми објавија видео снимки од групирањето на бројни сили на границата на полуавтономниот регион во настојувањето на официјален Пекинг да ја истакне заканата со интервенција.

„Нашите разузнавачки служби нё информираа дека кинеската влада распоредува војници на границата со Хонгконг. Сите би требало да остнат мирни и безбедни“, напиша Трамп на Twitter.

Поранешниот британски гувернер на Хонгконг, Крис Патен, предупреди дека доколку Кина би интевенирале во Хонгконг, би се случила катастрофа и оти кинескиот претседател Кси Џинпинг би требало да пронајде мудрот во обидот за зближување на луѓето. Патен рече дека е контрапродуктивно Кинезите да предупредуваат на „други методи“, доколку протестите не престанат.

„Тоа би претставувало катастрофа за Кина и секако за Хонгконг. Отако претседателот Кси ја презема должноста, насекаде се задушува отпорот и се сузбиваат дисидентите, партијата сѐ контролира“, рече Патен за ради BBC.

Поранешната британска колонија ја доживува својата најтешка политичка криза откако во 1997 година се врати во матицата Кина. Протестите започнаа на почетокот од јуни со одбивање на законот според кој осомничените можеа да бидат предадени на кинеските власти, но откако тој предлог беше повлечен, се претворија во протести против ограничувањата на слободите и мешањето на Пекинг во работите на полуоавтономниот регион на Хонгконг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.