Пекинг ги олесни анти-ковид мерките, дозволи јадење на затворен простор

Кинеската престолнина постепено се враќа во нормала, објавија денеска државните медиуми. Пекинг и трговскиот центар во Шангај се враќаат во нормално функционирање во последните денови, откако жителите поминаа два месеца во карантин за да ја потиснат епидемијата на омикронскиот сој на коронавирус, пренесува Ројтерс.
Од утре ќе биде дозволено ручање во Пекинг во затворен простор, освен во округот Фенгтаи и некои делови од округот Чангпинг, пишува „Beijing Daily“.
Од почетокот на мај, рестораните и баровите се ограничени само за храна за носење. Според весникот, нормалната работа ќе продолжи, а од утре ќе бидат укинати и забраните за сообраќај во повеќе области на Пекинг, чии вработени мораа да работат од дома.
Жителите ќе треба да покажат ПЦР тест кој е направен во рок од 72 часа за да влезат во јавните простори и јавниот превоз.

Пекинг пријави 16 нови локални симптоматски случаи, во однос на пет, ден претходно, и три нови локални асимптоматски случаи, во однос на еден, според локалната власт. Шангај пријави шест нови локални симптоматски случаи, во однос на пет, и 16 нови локални асимптоматски случаи, од девет во претходниот ден, покажаа податоците на локалната самоуправа.

фото: Б92.net