Пекинг ги затвора сите училишта, повик да не се напушта градот

Властите на Пекинг повторно ќе ги затворaат сите училишта и универзитети, откако по речиси два месеца последните шест дена повторно се регистрирани случаи со зараза со новиот коронавирус, соопшти во вторникот кабинетот на градоначалникот на кинеската престолнина, воедно повикувајќи ги нејзините жители да не го напуштаат градот.

Пекиншките власти започнаа со масовни тестирања со коишто се добиени сознанија за состојбата на десетици илјади жители откако беа потврдени 106 нови случаи на заразата во пет дена, поврзани со пазарот на големо на прехранбени продукти „Ксинфади“.

Новите мерки претставуваа шок за жителите на Пекинг, бидејќи до крајот на минатата седмица се чинеше дека вирусот е речиси искоренет во цела Кина, преку строгите каранатински мерки и масовното тестирање. Но, сега строгите рестриктивни мерки се враќаат во главниот град, откако со секвенцирање на ДНК-та на вирусот тој беше откриен на даска за сечење увезен лосос, веројатно од Европа.

Претходно во Пекинг беше повторно воведено второто ниво на одговор на вонредна состојба во врска со Covid-19. Првото ниво на вонредна состојба во Пекинг беше воведен на 24-ти јануари, а на 30-ти април беше симнато на второт, а на 6-ти до третото. Во Кина инаку има вкупно четири нивоа на вонредна состојба.

Пекиншките власти поради новата појава на коронавирусот им препорачаа на жителите да не го напуштаат градот, но доколку тоа е неопходно бараат задолжително да се покаже сертификат за отсуство на заразата. На жителите на десетина квартови во Пекинг кои претставуваат „умерен или висок ризик“ им е забрането да ја напуштаат престолнината.

„Секој жител кој навистина мора да отпатува од Пекинг мора да го пополни сертификатот со кој потврдува дека на тестирање кои е изведено во последните седум дена бил негативен“, изјави на прес-конференција претставник на кабинетот на градоначалникот Чен Беи.

Во континентална Кина од половината на април беа регистрирани само два смртни исходи од Covid-19. Меѓутоа, стравувањето од вториот бран кој би можел да биде и позаразен од првиот кој се јави кон крајот на 2019-та од централниот град Вухан, ги натера властите брзо да реагираат. Пекинг, пак, покрај споменатите мерки затвори речиси 30 станбени зони, односно воспостави карантин, откако во вторникот беше известено за нови 27 случаи на коронавирус.