Пекинг остро го осуди американскиот предлог-закон за Ујгурите

Пекинг остро го осуди предлог-законот усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот на САД со кој се повикува на воведување санкции против кинески функционери поради политиката на интернирање на ујгурските муслимани.

„Предлог-законот произволно ги клевети напорите на Кина во сузбивање на тероризмот во северозападната област Синџијанг, која долго е цел на напади“, се посочува портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуе Чуњинг.

Американскиот Претставнички дом усвои закон во кој се осудува „произволниот притвор, мачење и малтретирање“ на ујгурските муслимани во Кина.

Предлог-законот треба да биде усвоен во Сенатот и да го одобри претседателот на САД.

Кинеските власти тврдат дека во камповите, кои тие ги нарекуваат кампови за обука, Ујгурите и другите припадници на главно муслиманските малцински заедници добиваат обука заради искоренување на сиромаштијата во Синџијанг. Ујгурите за затворени и поради, како што велат кинеските власти, поради борба против верскиот екстремизам.

Ујгурите се туркиски народ, кој претежно живее во Кина. Оваа заедница со муслиманска вероисповед тврди дека во Кина се изложени на репресија. Во повеќе наврати се обвинувани за терористички напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.