Пекинг порача дека маневрите крај Тајван се неопходни за заштита на Кина

Одржувањето на воените вежби на кинеската армија во близина на Тајван е неопходен одговор на договорот на Вашингтон и Тајпеј, како и за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, изјави во средата портпаролот на кинеското министерство за одбрана Тан Кефеи.

Претходно Источната борбена команда на Кинеската народноослободителна армија извести дека кинеските вооружени сили организирале воени вежби во близината на островот Тајван и дека овие мерки се преземени со цел „да ги предупредат САД“.

Маневрите се одржуваат во заднината на изјавите на америкаснките претседател Џо Бајден претходно седмицава дека САД се подготвени воено да го заштитат Тајван „во случај на инвазија“ и кинеските обиди „еднострано да го променат статус-квото“ на островот.

„Силно се противиме на секакви официјални контакти воени врски меѓу САД и Тајван. Стремежот за независност на Тајван е слепа улица, а поддршката за независност на Тајван, исто така, е пат кој не води никаде“, вели портпаролот Тан во изјавата цитираната на интернет страницата на кинеското министерство за одбрана.

Истакнал дека САД во неколку наврати изјавиле дека се придржуваат до политиката на „една Кина“ и оти не ја поддржуваат независноста на Тајван, но предупредува дека Вашингтон веќе извесно време се обидува да игра на „тајванската карта“ во обидите за воздржување на Кина, и дека тоа „секако, ќе доведе до опасна ситуација“.

„Тајван е дел од Кина, а тајванското прашање не трпи мешање однадвор. Источната борбена команда (на кинеската армија) спроведе заеднички патролни операции на различни родови војско и воени вежби во реални борбени услови во воздушниот простор во близина на островот Тајван. Тоа се неопходни дејствија како одговор на договорот меѓу САД и Тајван за заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет“, на островот рекол Тан Кефеи.

Истакнал дека кинеската армија е во „постојана борбена готовност“ за да ги преземе „сите неопходни мерки и решително да го запре секое надорешно мешање и обидите на сепаратистичките сили да постигнат независност на островот“.

По изјавите на американските претседател во врска со Тајван, како што пренесе телевизската мрежа NBC News, Белата куќа појасни дека Бајден зборувајќи за подготвеноста за воено ангажирање за одбрана на Тајван, го имал предвид континуираното снабдување со оружје за самоодбрана на островот. Меѓутоа, во вторникот Бајден на новинарско прашање дали САД ќе испратат војници на Тајван во случај на кинеска инвазија, потврди дека позицијата на Вашингтон во врска со Тајван по тоа прашање е непроменета.

Тајванскиот министер за одбрана Киу Гуоженг изјави дека доколку избие војна меѓу Кина и Тајван, без разлика на тоа кој ќе победи, таа ќе заврши со трагедија за двете страни. Приота истакна дека „никој не сака војна“.

 

Претходно на почетокот од мај британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Кина дека „мора да игра според правилата“, доколку не сака да биде подложена на санкции коишто ѝ се наметнети на Русија последните осум години поради нејзините политики во однос на Украина, вклучително и нејзините борбени дејствија започната на 24-ти февраури.

Претходно на почетокот од февруари САД одобрија потенцијална продажба на 100 милиони долари вредна опрема и услуги на Тајван за одржување и надградба на ракетниот систем „Patriot“, објави тогаш Пентагонт. Во соопштението на американската Агенција за одбранбена соработка (DSCA) беше наведено дека институцијата ја предала потребната документција пред Конгресот по одобрувањето од Стејт департментот за продажба којашто ја побарало тајванската де-факто амбасадата во Вашингтон.

Тајванското министерство за одбрана објави дека одлуката за оваа зделка е донесена во текот на средбата во 2019 година со претставниците на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Кинеското министерство за надворешни работи ја осуди тогаш потенцијалната американска продажба, истакнувајќи дека таа сериозно ги загрозува безбедноста и суверенитетот на Кина, најавувајќи мерки за заштита на своите интереси.

Тајван подолго од една година предупредува на масовни прелети на кинески борбени авиони во неговиот воздушен простор, односно во неговата Зона на идентифијација на противвоздушната одбрана (ADIZ). Кина, пак, протестира на минувањето на западните воени пловила низ Тајванскиот теснец.

 

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.