Пековиќ e во стабилна состојба, смирува неговото семејство

Семејството на поранешниот НБА играч Никола Пековиќ потврди дека кошаркарот се наоѓа во болница и дeка има коронавирус.

Но сепак смирува и вели дека изјавите во некои медиуми не се точни дека му е влошена состојбата. Напротив тој е во стабилна состојба.

Корпулентниот Црногорец зад себе остави завидна кариера во НБА тимот на Минесота Тимбервулс, а уште играше и за Панатинаикос и Партизан, тим во кој беше и претседател.