Пелегрини демантира дека Агуеро е на пат за Мадрид

Фото: Серхио Агуеро по голот постигнат против Реал (М) во Лигата на шампионите
Менаџерот на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, експресно ја демантираше последната шпекулација пласирана од фудбалските медиуми дека аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро на крајот од актуелната сезона ќе побара да биде продаден на шпанскиот гигант Реал (М).
“Искрено, јас сега ја слушнав оваа шпекулација за Агуеро, Не знам дека има некаков интерес од страна на Реал (М). Мислам дека нема ништо точно во оваа информација. Агуеро со ништо не покажал дека сака да си замине од Манчестер и да се пресели во Мадрид. Исто така Серхио нема никаков проблем со клупските челници. Тој сигурно и во следната сезона ќе игра на “Итихат”, изјави искусниот чилеански стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.