Пелегрини го презема Бетис

Шпанскио фудбалски прволигаш Бетис од Севилја обајви дека за нов тренер го ангажирал искусниот 66-годишен чилеански стручњак Мануел Пелегрини.

Пелегрини екипата на Бетис ќе ја преземе од почетокот на новата сезона, а потпишал договор до летото 2023 година.

Во текот на богатата тренерска кариера, Пелегрини водеше великани како аргентинската Ривер Плата, шанскиот Реал Мадрид и англискиот Манчестер Сити. Двапати ја освојуваше титулата во Аргентина, со Сан Лоренци во 2001 и со Ривер во 2003 година, додека со Сити беше шампион на Англија во 2014 година. Покрај тоа, ја има освоена и тутулата во Еквадор со ЛДУ Кито, додека во родното Чиле во 1995 година го освои националниот куп со Универзидад Католика.

Последниот тренерски ангажман на Пелегрини беше во Вест Хем Јунајтед каде доби отказ на крајот од декември 2019 година.

Три кола пред крајот на шпанското првенство Бетис се наоѓа на средина од табелата во Примера, на 13-то место е со 41 бод, со што го обезбеди опстанокот но и не може да напредува до позициите кои водат во европските натпреварувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.