Пеликанс го добија правото на прв избор на драфтот во НБА

Екипата на Њу Орлеанс Пеликанс благодарејќи на лотаријата си го обезбеди правото на првиот избор на годинешниот драфт во НБА лигата, па така и можноста да ги избере Зајон Латиф Вилијамсон кого многумина го гледаат како следната нова ѕвезда на најсилната кошаркарска лига на светот.

Драфтот ќе се одржи на 20-ти јуни во Њујорк, а Пеликанс не беа меѓу фаворитите на лотаријата, беа на седмото место со 6 отсто веројатност. Правото на втор избор на драфтот го добија Мемфис Гризлис кои, исто така, имаа 6 отсто шанси за правото на првиот избор.

Меѓутоа, среќата им беше наклонета и ги престигнаа трите најслаби екипи од регуларниот дел од сезоната Њујорк Никс, Кливленд Кавалирс и Феникс Санс кои имаа 14 отсто од можноста да го добијат правото на прв избор.

НБА воведе, имено, нови правила за лотаријата за да спречи екипите намерно да губат натпревари со цел да дибијат висок „пик“ на драфтот, па сега трите најлоши екипи имаат подеднакви шаснки за правото на првиот избор од 14 отсто. Така, Никс, Кавалирс и Санс и имаа најголеми можности да го одбијат правото на првиот избор на драфтот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.