Пелистер сигурен против ФМП Академија

Во дуелот од 13. коло во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола домашниот Пелистер со совлада Навико ФМП Академија со 94-73.

Најефикасни кај Пелистер беа Кесар со 24, Малешевиќ со 20 и Хотон со 17 поени, додека во тимот на Навико ФМП Академија се истакнаа Крстајиќ со 17 и Ивеј со 14 поени.

Пелистер ќе има сериозен тест на непобедливоста идниот викенд во СЦ „Јане Сандански“ против Феникс 2010.