Пелистер славеше над Осијек во АБА 2 лигата

Пелистер се врати на победите во АБА2 лигата запишувајќи ја и четвртата победа во петтата рунда натпревари, овој пат со 83-71 славејќи против Осијек.

Најдобар кај пелистерци беше Сеад Хаџифејзовиќ со 20 поени, пред Димитар Караџовски со 17 поени, а солиден беше и Недим Мустафица со „дабл-дабл“ од 14 поени и 10 скока. Кај хрватскиот тим, Врањеш заврши со 22 поени.

Пелистер во следното коло игра со словенечка Горица која е последна на табелата со скор 0-4.