Пелоси го покани Трамп да одржи говор пред Конгресот на 4 февруари

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифати поканата на спикерот на Претставничкиот дом да се обрати на Конгресот на 4 фебруари 2020 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Обраќањето на Конгресот (State of the Union) на претседателот на САД традицонално се одржува на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Поканата на Ненси Пелоси доаѓа на само неколку денови откако Претставничкиот дом, под нејзино претседавање, изгласа отповикување на Трамп од функцијата претседател на САД.

За разлика од сега, спикерката Пелоси лани одбиваше да го покани Трамп да се обрати пред Конгресот. Причината беше блокадата на федералната Влада, која траеше речиси цел месец, а поврзано со барањето на Трамп да издвои средства од федералниот буџет за изградба на ѕид кон границата со Мексико.

Претседателот на САД, сепак, го одржа говорот откако работењето на Владата беше деблокирано при крајот на јануари.