Пелоси го потпиша решението за импичментот на Трамп во Претставничкиот дом

13

По синоќешното гласање за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп во Претставничкиот дом на САД, спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, повтори дека претседателот е отповикан затоа што поттикнуваше на бунт и оцени дека тоа претставува „актуелна закана за нацијата“.

Пелоси потоа пред новинарите ја потпиша одлуката на Долниот дом на Конгресот за отповикување на претседателот Трамп, што ќе биде испратена до Сенатот за натамошно постапување.

Откако ја потпиша одлуката Пелоси без збор или дополнителен коментар ја напушти салата за прес-конференции.

Вкупно 232 конгресмени во Претставничкиот дом гласаа „за“ повлекување, наспроти 197, додека четворица не гласаа, потврди Си-Ен-Ен.

Вкупно седум пратеници во Долниот дом на Конгресот немаат право на глас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.