
Претседавачот со американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, изјави дека имиграциската реформа ја смета не само за работна обврска на функционерите на Конгресот, туку, исто така, и негова морална обврска, изразувајќи го својот став на завршувањето од турнејата низ Централна Америка.
Пелоси во Централна Америка патуваше со делегација на Конгресот за да ги истражи причините за имиграцијата и можните решенија за овој проблем. Групата конгресмени ги посети Гватемала и Ел Салвадор, како и прифатниот центар за мигранти во МекАлен, во сојузната држава Тексас.
Политичарката од Демократската партија изјави дека Тексас го посетила бидејќи сакала да се увери дали САД во пракса го почитуваат достоинството на мигрантите кои минуваат низ нејзините граници.
Администрацијата на Трамп настојува да ги огранички молбите за азил во САД од Централна Америка, барајќи од мигрантите да се пријават во Гватемала место на американската граница, пренесуваат американските медиуми.